Необично ладното време во Тексас се одрази и на желките кои се соочуваат со помор.
Илјадници морски желки од бреговите ширум сојузната држава Тексас се спасени и ставени во прифатилишен центар додека трае арктичкиот леден бран во овој дел на САД.
Овие желки минуваат голем дел од своето време на двото од океанот, но кога температура паѓа толку ниско, тие доживуваат леден шок. Во таков случај нивното срцебиење се намалува и стануваат неподвижни, во водата пловат во коматозна состојба и ако имаат среќа струјата ќе ги исфрли на брегот.
Досега волонтерите од програмата Save Sea Turtles спасиле повеќе од 4 илјади желки од ледените води.