Во Тетово се одбележаа 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Музеј на Тетово денеска организираа свечено одбележување на јубилејот 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. Одбележувањето беше во куќата каде што се случило основањето на 19 март 1943, која сега е Меморијален музеј на Централниот Комитет на КПМ (Куќа на Јовановци) во населбата Два Бреста.

– На Балканот до Втората светска војна егзистираат пет буржоаско-монархистички држави, со многу нерешени внатрешни проблеми. Во три од нив непризнат живееше македонскиот народ, кој не уживаше никакви национални права. Но во платформа на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), се истакнуваше дека секој народ во борбата против фашистичкиот ослободител го решава и своето право на самоопределување. КПЈ беше единствена која имаше изградено правилен став по македонското национално прашање. Македонскиот народ беше посебно мотивиран за прифаќање на борбениот повик. Формирањето на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на 19 март 1943 година и изборот на Централниот комитет (ЦК) значеше осамостојување на политичкото раководство на Македонија, истакна во историскиот час Миќо Стојчевски, директор на Музејот на тетовски крај.

Тој воедно потсети дека кога се формирала партијата и Централниот комитет донесени се одлуки за натамошниот развиток на народноослободителната борба.

– Неслучајно е избран Тетово за град каде ќе се формира Комунистичката партија на Македонија. КП стана основен фактор за мобилизација на македонскиот народ и народностите во Македонија, бидејќи благодарение на сите народности кои се вклучиле во народноослободителната борба, и кои покажаа дека и заеднички можат да се борат против окупаторот, придонесоа за остварување на главната цел-слобода за Македонија, порача Стојчевски.

За случувањата пред 80 години посведочи и Никола Стојановски, кој годинава наполни 100 години, инаку претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија.

– Народот веруваше во КПМ, затоа што единствено тргна да го ослободи македонскиот народ. Тоа беше прифатено од сите граѓаните. Јас сум 100 години, а тогаш бевме деца, но тргнавме по партизанските одреди и се боревме за да создадеме држава, прва после Самоиловото царство. Направивме се за да ја сочуваме и народот направи сè што може да биде добра држава, рече Никола Стојановски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во природното обраќање порача дека одлуката за формирањето на партијата во 1943 е главниот придонес за долгопосакуваната повоена Македонска државност.

– И денеска 80 години подоцна, ѕидовите на оваа историска куќа на семејството Јовановци љубоморно ја чуваат историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943 со кои е конституиран централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Оттука овој датум се смета за ден на формирањето на Комунистичката партија на Македонија и водилка за понатамошниот тек на Народноослободителната и антифашистичка војна, порача Спасовски.

Дел од одбележувањето беше и положување на цвеќе пред спомен бистата на Јосип Броз-Тито во дворот на Меморијалниот музеј.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе