Во Токио роботи ќе дезинфицираат против COVID-19
Јапонците го претставија новиот робот засега кој има само една цел, а таа е да се бори против новиот коронавирус.
Роботот наречен PATORO се тестира низ главниот град Токио. Познавајќи ги Јапонците и нивната пасија кон роботите, многу веројатно дека тестот ќе мине успешно и многу брзо плејада вакви роботи ќе дезинфицираат низ јапонската престолнина, а потоа и во другите градови во Земјата на изгрејсонцето.