Францускиот шампион Пари Сен Жермен започна разговори за играчот за врска на Тотенхем Деле Али, објавуваат британски медиуми.
Жозе Мурињо го замени англискиот репрезентативец на паузата од мечот со Евертон, а потоа го остави надвор од тимот за средбите со Локомотив (Пловдив) и денешниот натпревар со Саутемптон.
Во меѓувреме, Тотенхем го понуди Али во зделката за Гарет Бејл и Серхио Регилон. Сепак, Реал Мадрид не сакаше да го земе играчот за врска.
Пред денешниот натпревар, Мурињо даде интересно објаснување за фактот дека Али не е во групата.
„Имаме доста голем состав. Имаме премногу играчи на некои позиции и некои од нив ја плаќаат цената за тоа“, рече Мурињо.