Во Турција откриен театар стар 2.400 години со капацитет до 12.000 луѓе

Археолошкото наследство на Турција доби уште едно извонредно поглавје, а тоа е новооткриен театар стар 2.400 години, кој може да прими до 12.000 луѓе.

Турските научници открија урнатини на театар во градот Александрија Троада во Чанаккале. Тоа е пристаништен град сместен на јужниот брег на Дарданелите долж Егејското Море во Северозападна Турција. Археолозите сметаат дека театарот е стар околу 2.400 години. Поголемиот дел од театарот допрва треба да се ископа, но неговите уникатни карактеристики веќе ги воодушевија научниците.

Театарот можел да собере помеѓу 10.000 и 12.000 гледачи, а местото каде што бил откриен првично се викало Сигеја. Околу 306 година п.н.е., македонскиот крал Антигон I Едноокиот повторно го основал градот, го проширил и го нарекол Антигонија Троада. Подоцна во 301 година п.н.е. Лизимах го преименувал во Александрија Троада во чест на Александар Македонски, чиј офицер во неговата војска бил. Денес на оваа локација останати се само неколку објекти или делови од нив.

Археолозите веруваат дека оваа област е единствена поради нејзината локација. Тие веруваат дека локацијата всушност била крстопат за многу цивилизации со векови и дека влијаела на културата. Меѓу цивилизациите се и Хелените, кои имале значително влијание врз историјата на регионот, со оглед на тоа што основале населби.

Ископувањата во Александрија Троада почнаа во јули годинава и се очекува да продолжат до крајот на годината. Археологот Ерхан Озтепе од Универзитетот во Анкара го предводи 40-члениот тим за ископување. Покровител на овој проект е турското Министерство за култура и туризам.

Првично, тимот беше главно фокусиран на ископување на центарот на античкиот град и неговиот форум, но нивното внимание го привлече откритието на театарот.

Професорот Озтепе смета дека театарот бил стратешки поставен за да ги искористи предностите на ридот. Благодарение на овој распоред, редовите на седишта можеле да се постават еден над друг. Врз основа на ѕидните техники и други индиции, тој заклучил дека модификациите биле направени за време на римскиот период, особено за време на владеењето на Адријан.

Експертите истакнуваат уште една значајна градба откриена при ископувањето, а тоа е Одеон, место кое историски се користело за одржување концерти и други музички настани. Професорот Озтепе забележал дека слични театри биле изградени од Хелените во градови како Троја и Парион.

Троја е едно од најпознатите археолошки локалитети и се верува дека тоа било бојното поле на Тројанската војна во која се судриле Ахајците и Тројанците. Троја стана позната по својата поврзаност со епската поезија на Хомер, „Илијада“ и „Одисеја“.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Вести

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Read more

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Read more

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Read more

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Read more
 

Гик

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Читај повеќе

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Читај повеќе

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Читај повеќе

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Читај повеќе

Nintendo Switch 2 се очекува во јуни, позната и цената

Читај повеќе

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе