Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи  и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.

– Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500.000. Корисниците на апликацијата МојДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври ќе може да купат домаши производи, услуги, компјутери и друга ИТ опрема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти, изјави Заев.

Со оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ

Апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалните каси на домашните од странски производи и услуги.

Тагови
реклама

Бизнис

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Read more

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Read more

Пилотите се плашат дека ќе бидат отпуштени ако одбијат да летаат над Блискиот Исток

Read more

Цената на нафтата падна на 95 долари

Read more
 

Вести

  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе
  • filter

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе