Во Викендот без ДДВ остварен промет над 500 милиони денари

Двапати поголем промет е реализиран во изминатиот викенд, кој беше Викенд без ДДВ во однос на трите денови пред тоа, односно на 7, 8 и 9 октомври. Согласно податоците од Управата за јавни приходи во деновите 10, 11 и 12 октомври кога се спроведуваше мерката од четвриот пакет Викенд без ДДВ, прометот изнесува 526 милиони денари, а враќањето на ДДВ кон граѓаните за купени македонски производи, услуги и компјутерска опрема досега е 63,4 милиони денари.

Ова, како што информираат за МИА од УЈП, е согласно скенираните сметки преку апликцијата Мој ДДВ, која беше приспособена за реализација на оваа мерка.

-Согласно овие податоци вкупниот промет од македонски производи во деновите без ДДВ на 10,11 и 12 октомври, споредено со претходните три дена на 7,8 и 9 октомври  е зголемен двапати, оценуваат од Управата за јавни приходи. 

Оттаму очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

Викендот без ДДВ, е мерка од четвртиот пакет антикризни мерки во која граѓаните имаа можност да купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема при што ќе им биде вратен целосно пресметаниот ДДВ.

Секој граѓанин можеше во овие три дена да добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет до 30.000 денари. За тоа требаше да ги земе фискалните сметки и во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ. За да се реализира целиот поврат на фискалната сметка производите треба да бидат раздвоени и означени како македонски.

За прометот над 30.000 денари што го оствариле граѓаните во овие три дена важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Парите од пресметаниот ДДВ за прометот во Викендот без ДДВ на граѓаните ќе им бидат вратени до крајот на месецот на нивната трансакциска сметка.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки  издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 000 граѓани кои се регистрирани  во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе