Во Врање досега вакцинирани 11.743 македонски граѓани со прва доза и 9.012 со втора доза

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 11.743 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.012 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Спорд Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11.743, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани.

Бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.012 и седум државјани на БИХ.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.781, додека со втора доза се вакцинирани 27.202 српски државјани.

Ако се земат предвид сите овие бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Sinopharm – вкупно 48 586 пати (прва доза 24.771, а втора 23 815), потоа следува Pfizer, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11 162, а втората 8 933), рускиот Sputnik V е даден во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и AstraZeneca аплицирана во 932 случаи (455 + 477).

За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу вакцини беа дадени на Pfizer – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Sinopharm аплициран е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза). Вакцините Sputnik Vи AstraZeneca не беа дадени за време на викендот.

Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто). 

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе