Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Во Врање продолжува трендот македонските државјани повеќе да се вакцинираат против COVID-19 од граѓаните на Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во овој град во јужна Србија се аплиицрани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани, за разлика од 47 Срби.

Прва доза Pfizer примиле 70 лица, а втора – 56 граѓани. Прва доза на кинескиот Sinopharm е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина Sputnik V и AstraZeneca во Врање не беа аплицирани вчера, наведуваат од ЗЦ во Врање.

Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Северна Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 лица.

Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на граѓани од Србија во 28.106 случаи, лица од Северна Македонија примиле 12.258 дози, а државјаните на БиХ шест дози.

Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27.524 дози, на македонските државјани 9.717 и на државјаните на БиХ седум.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе