Во заборавена египетска мумија откриени 49 амајлии

Повеќе од еден век по откривањето на саркофагот, египтолозите одлучија да ја испитаат заборавената мумија наречена Златно момче.

Во 1916 година, на гробишта во Јужен Египет била откриена мумија. Во тоа време била регистрирана и испратена во Каиро каде била сместена во депото на Египетскиот музеј, по што била заборавена. Ќе поминат повеќе од 100 години пред некој да ја забележи и да одлучи да ја подложи на зраците на КТ скенер, врз основа на кои се откриени многу информации скриени во внатрешноста на мумијата и ковчегот.

Египетското Министерство за туризам и антиквитети во соопштение наведува дека мумијата, која го носи името Златно момче, била поставена во два ковчега. Надворешниот имал натпис на старогрчки, поради што се датира во периодот на Птоломеите. Додека внатрешниот ковчег бил направен од дрво. Кога египтолозите подетално ги истражиле сликите од скенерот, откриле 49 амајлии скриени меѓу завоите на починатиот.

URL

Меѓу највпечатливите е една во форма на два прста до необрежаниот пенис на момчето, златен скараб во облик на срце сместен во градите и златен јазик во внатрешноста на устата. Дополнително, откриено е дека починатиот носел и сандали. И, иако неговиот идентитет сѐ уште не е познат, експертите тврдат дека тој припаѓал на повисоките слоеви на древното египетско општество.

URL
Амајлиите и древните Египќани

Познато е дека Египќаните верувале во моќта на амајлиите. Ги користеле првенствено за да обезбедат заштита и специфични придобивки. И за живите и за мртвите. За време на балсамирањето, биле поставени за да се одржи виталноста на починатиот. Така, јазикот на момчето бил покриен со злато за да може да зборува. Сандалите требало да му овозможат да се движи за да го напушти гробот кој задгробниот живот. А, златниот скараб во форма на срце најверојатно симболично го претставува органот сместен во празнината на торзото.

URL

Заинтересирани за оваа амајлија, научниците дури и одлучиле да направат нејзина реплика со помош на 3D печатач.

„Беше навистина неверојатно чувство. Особено откако беше испечатена во 3D и јас го зедов в раце“, објасни авторот на студијата и радиолог, Сахар Салим од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Каиро. „На задната страна беа изгравирани знаци кои претставуваат натписи и магии напишани од свештениците за да го заштитат момчето за време на неговото патување“.

Резултатите се објавени во списанието Frontiers of Medicine.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Вести

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Read more

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Read more

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Read more

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Read more
 

Гик

Десктоп режимот доаѓа на Android

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Читај повеќе

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе