Во затворот „Идризово“ денеска бил откриен тунел за бегство. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

– По добиени информации денеска заедно со Директорот на затворот, Шпенд Тахири, почнати се активности за отстранување на некои објекти за поголема безбедност и во соработка со други институции, по споделени сознанија, пронајден е тунел, изјави за МИА Стојановиќ.
Тунелот, како што појасни Стојановиќ, не е надвор од периметарот на затвореното одделение, што значи дека нема шанси за евентуално бегство низ него.
Активностите се почнати денеска изутрина и надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки.
Тунелот е во делот на затворот каде се сместени затвореници кои издржуваат високи казни.