СЕРИЈА А 2019/20

Водачот нa навивачите нa Верона го нападна Балотели

„Тој не е прав Италијанец и направи глупост. Тие извици ги слушна во неговата глава“.

За водачот на навивачите на Верона, Лука Кастелини, испадот на Марио Балотели поради расистичките навреди е претеран бидејќи извиците доаѓале од неговата глава, а не од трибините.

Во 54-тата минута од натпреварот марио Балотели ја градеше топката од двајца противнички играчи до гол-аут линијата на Верона кога во еден момент ја грабна топката во раце и ја рогна накај трибината со домашните навивачи. Потоа тргна да го напушти теренот по што играчите го убедуваа да остане. Наводно слушнал расистичи извици.

„Тој има италијанско државјанство, но не е прав Италијанец. Тие извици ги слушна само во неговата глава. Ние имаме културен идентитет и сме навивачка група кој ги почитува другите. Знаеме да се шегуваме со ќелавите играчи, со долгокосите, со играчите од југот како и со оние обоените, но тоа не го правиме со политички или расистички скандирања. Тоа што го направи Балотели беше глупост“, рече водачот на Курва Суд Верона во интервју за Radio Cafè.

„И ние имаме црнец во тимот, вчера постигна гол и цела Верона му аплаудираше. Има проблем да се каже зборот црнец?“, Кастелини се осврна на Колумбиецот Еди Салседо кој го постигна голот за водство од 1:0.

„Кога Балотели ја рогна топката судијата немаше ни поим зошто тоа се случи. Почекајте ја одлуката на спортскиот суд и ќе видите дека навивачите на Верона нема да бидат казнети. Тие што викаа нешто беа четворица кои беа слушнати само од тој што го сними видеото“, заврши водачот.

И тренерот на домашниот тим, Иван Јуриќ ги бранеше своите навивачи: „Не ми е страв да кажам дека ништо не се случи. Многу свирежи и зафркавање, но никакви расистички извици. Немаше буквално ништо. Јас сум Хрват и ми викаат „циган смрдлив“ бидејќи за жал таква е реалноста во Италија. Но, овој пат немаше ништо. Зошто Балотели реагираше на тој начин? Прашајте го него. Кога има такви извици ги слушам и јас и ми се гади од нив, немам проблем да го кажам тоа. Ми сметаат дури и кога доаѓаат од моите навивачи. Но, да бидеме сериозни, ова е лага“.

Во одбрана на навивачите застана и претставникот на Федерацијата кој беше поставен токму кај домашната трибина за да забележува такви работи: „Беа само околу петнаесетина, останатиот дел од навивачите дури и му аплаудираа на Балотели“.

Верона на крајот победи со 2:1, а голот за гостите го постигфна токму Балотели во 85-тата минута. Италијанската федерација допрва ќе треба да донесе одлука за овој случај, па останува да видиме дали Верона ќе биде казнета или не.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе