Vodafone прв ја лансира 5G мрежата во Холандија

Vodafone вечерва ќе ја активира својата 5G мрежа низ половина од територијата на Холандија.

Корисниците кои имаат претплата Red и телефон што што поддржува 5G следнава недела ќе може да ги кристат предностите на побрза мобилна мрежа.

Vodafone е првиот холандски провајдер кој лансира 5G. Се очекува сите корисници на Vodafone да добијат пристап до мрежата до крајот на јули, објави NU.nl.

Регионот Ранштад, каде се наоѓаат Амстердам, Ротердам, Денар Хаг и Утрехт, како и поголемите градови во други делови на Холандија први ќе имаат можност да ја користат 5G мрежата. Vodafone ги користи постоечките антени и 4G инфраструктурата за да понуди 5G.

Од провајдерот велат дека корисниците прво ќе забележат мало зголемување на брзината на даунлодирање. Таа ќе биде во просек за 10% побрза од просекот на максималниот капацитет на 4G од 350 Mbps. Крајно, 5G ќе понуди брзина на даунлодирање од 1 Gbps.

Иако многу луѓе со нетрпение ја чекаат новата технологија, во Холандија има и противници на користењето 5G мрежа. Од 3 април, запалени беа 22 предаватели во земјата. Координативното тело за контратероризам NCTV  смета дека инфраструктурата била уништена од екстремисти кои се противат на 5G мрежата која некои теории на заговор што кружат на социјалните мрежи ја поврзуваат со ширењето на коронавирусот. Научниците децидно ги негираат ваквите теории.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе