Водич за мажи: Како да зборувате „безобразно“ за време на секс ?

Секси муабетите во кревет може да ја загреат дополнително атмосферата и да го зголемат уживањето и за двајцата партнери.

Но, погрешниот начин и погрешниот избор на зборови речиси сигурно ќе бидат промашување од кое нема да можете да се опоравите.

Списанието Men's Health направи анкета на 57 жени од 20 до 40 години на тема што сакаат да слушнат од мажите за време на секс, а што не.

92% од жените рекле дека уживаат во „безобразни муабети во кревет“, а останатите анкетирани рекле дека имаат негативен став кон ваков тип на муабети за време на секс.

Мажите често се збунети и не знаат точно како да постапат, а да не ја навредат жената на каков било начин. Тоа е добро сознание, па ако никогаш не сте зборувале за време на секс, а сакате, прочитајте го овој водич како да зборувате „безобразно“ за време на секс.

Пред сѐ, разговарајте

Како и сѐ друго во врска со сексот, и безобразните муабети се разликуваат од човек до човек.

Затоа е неопходно да разговарате со вашата партнерка и да дознаете кои се нејзините желби и граници.

Разговорот почнете го со вовед како: „Еј, прочитав дека некои жени не сакаат да им зборуваш безобразно за време на секс. Точно е?“

На овој начин ќе дознаете дали вашата партнерка сака секси муабети, па оттука продолжете го разговорот за содржината на тие муабети.

Почнете со секси пораки

Многу е полесно да кажете нешто секси во порака отколку во четири очи. Или барем така е за почеток. Ако го подготвите теренот со пораки и го поставите тонот со кој ќе се одвиваат вашите секси муабети, тоа многу полесно потоа ќе го повторите во кревет.

Следете ги нејзините реакции

Откако ќе бидете сигурни дека вашата партнерка сака секси муабети и веќе сте размениле пораки со секси содржина, време е да се покажете на дело.

Почнете со „поблаги“ изрази, како комплимент за тоа како изгледа, дека ви се допаѓа тоа што го прави или како се чувствувате додека трае предиграта.

Следете ги нејзините вербални и невербални реакции, воздишки и движења и реагирајте соодветно на нив.

За време на сексот кажете и колку ви е убаво и преминете на тоа да ѝ кажете што би сакале.

Внимавајте на тонот и содржината

Повеќето жени рекле дека многу им е важен тонот со кој партнерот им зборува безоразно во кревет. Тоа може да варира во зависност од тоа колку е „вжештена“ атмосферата, но главно жените сакаат со нежен и пријатен тон да им бидат кажани секси работи, а не со грубост.

Повторно, следете ги нејзините реакции и ако забележите дека нешто не ѝ се допаѓа, извинете се и прашајте што сте направиле погрешно.

Не наредувајте и не навредувајте

Освен ако вашата партнерка експлицитно не го побара тоа од вас и вие се согласувате со тоа, никогаш не ѝ давајте наредби за тоа што сакате да прави и не ја нарекувајте со погрдни зборови.

Повеќето жени не сметаат дека тоа е секси и нагласуваат дека има разлика меѓу секси безобразни муабети и понижување.

Во ред е да се насмеете

И покрај сето ова, постои веројатност да не се одвива сѐ како што сте си замислиле. Поекогаш ќе „треснете“ некоја глупост, некогаш ќе кажете нешто премногу тивко, па ќе има непријатна тишина пред да ве праша: „Како?“... сето тоа е во ред и уште повеќе е во ред да ве фати смеа и убаво да се изнасмеете.

Клучот за добар сексуален живот е искрената комуникација. Затоа, по сексот, разговарајте за тоа дали и што ви се допаднало од секси муабетите и на двајцата.

Голема е веројатноста дека разговорот за тоа ќе ве возбуди и ќе следи втора партија.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе