Водич за патници: Што смеете да внесете преку граница во Грција?

Пред нас е продолжен празничен викенд, а во ек се летните одмори.

Голем дел од нашите граѓани ја избираат Грција како летна дестинација за одмор, па најдобро е да бидете информирани и подготвени пред да се спакувате и да тргнете на пат.

Колку и каква храна и пијалаци, како и тутун и цигари може да внесете во Грција како турист? Одговорите на овие прашања, како и други информации во врска со престојот во Грција, прочитајте понатаму во текстот.

ХРАНА

Грција е земја-членка на Европската Унија, а според законите и регулативите на ЕУ, при влез во некоја од земјите-членки забрането е да се внесуваат месо и млечни производи.

При влез во Грција забрането е внесување на месо од секој вид, вклучувајќи виршли, шунка, сувомеснати производи, како и млеко и млечни производи (сирење, јогурт,павлака).

Во земјата исто така не смее да се внесуваат готвени јадења и лесно расипливи намирници.

Дозволено е да внесете овошје и зеленчук, со исклучок на компири. Може да имате два килограми млеко во прав за бебе, храна за посебни потреби и до два килограми храна за домашни миленици.

Дозволено е и внесување на ориз, кекси, макарони, чоколадо, сокови и вода, но вредноста на сите овие намирници не смее да е повисока од 300 евра по патник.

ЦИГАРИ, ТУТУН, АЛКОХОЛ, ЛЕКОВИ И ДРОГИ

Тутунски производи:

– 800 цигари;

– 400 цигарилоси (макс. 3g една);

– 200 пури;

– 1кг тутун;

Алкохолни пијалоци:

– 10 литри алкохол над 22%;

– 20 литри алкохол под 22%;

– 90 литри вино (но не повеќе од 60 литри минерална вода);

– 110 литри пиво.

Овие количини може да бидат одземени од царината, доколку оценат дека ќе се користат за комерцијална употреба.

Употребата и поседување на било какви дроги, вклучувајќи и класа Ц дроги, може да резултира со долга затворска казна и висока парична казна.

Други производи

– Лекови за лична употреба

– Лични работи за некомерцијална употреба со вредност во висина од 430 евра при патување со авион или брод.

– Лични работи за некомерцијална употреба со вредност во висина од 300 евра при патување по копно.

– Лични работи за некомерцијална употреба со вредност во висина од 150 евра за патници под 15 години.

ДРУГИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Зборувањето на мобилен телефон додека управувате возило во Грција е забрането. Полицијата може да ја провери листата на повици при истражување на сообраќајни несреќи.
  • Возењето под дејство на алкохол е казниво со закон. Секоја општина има свои рестрикции и висина на казни, па тие се движат од 250 до 2.000 евра, одземање на возачката дозвола па дури  и казна затвор. Дозволеното ниво на алкохол во крвта е значително помало во споредба со кај нас, па дозволено е максимум 0,25 промили. За нови возачи (помалку од 2 години искуство), возачи на мотор/мопед и професионални возачи (возачи на такси, автобуси), дозволено е 0,10 промили алкохол во крвта. Полицијата може да ве застане во било кој момент и да изврши контрола.
  • Според новиот закон што го воведе Грција, пушењето е забрането во јавни простории и е многу сличен на нашиот во Македонија. Глобите се движат  до 500 евра доколку ве фатат како пушите во затворен објект – ресторан, кафуле и слично.

Телефонски броеви за итни случаи

100 за Полиција

161 за Брза помош

199 за Пожарна

108 за Крајбрежна стража

Дел од информациите се преземени од порталот pravdiko.mk.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе