Што пишува во огласот vs. што тоа навистина значи

Водич за полесно разбирање на автомобилски огласи

Изборот на половен автомобил воопшто не е лесна работа. Особено кога треба да се земат предвид сите клучни параметри: година на производство, состојба на каросерија и ентериер, мотор, поминати километри, штети и потенцијални поправки, варијација во цени, споредба на понуди и тн. Згора на тоа, сите овие информации треба да ги прифатите со резерва, затоа што во македонските огласници царуваат препродавачи на автомобили кои во сите огласи ги „штанцаат“ истите фрази кои би требало да го убедат купувачот дека возилото е UNIKAT – PALI VOZI! – иако, можеби е пред распаѓање.


Ве интересираат што значат сите овие „детални спецификации“? 

1. KAKO OD FABRIKA – Може да се сретне и во поубедливата и скратена верзија „FABRIKA!“. Означува половен автомобил со 270.000 км., произведен пред 19 години, кај кој препродавачот инвестирал во каросериски поправки, хемиско чистење, перење на моторот и црнило за гумите кои требало да се променат уште пред 3 години.

2. KAKO.NOVO – Не е како ново, ама пристигнала со новиот увоз од Италија. Го возела пристојна госпоѓица која не пуши цигари (нема изгорени седишта од отпушоци) и само левата страна е префарбана. Поминатата километража е вратена за 70-90.000 км, а ако ги погледнете бројките на прозорците од страната која е фарбана, ќе забележите дека не се совпаѓаат со годината на производство (биле скршени и сменети од ударот од лева страна).

3. NOV UVOZ – Автомобилот е пристигнат неодамна на авто-плац. Нема никаква врска со неговата состојба, освен, што можеби сѐ уште не е направено хемиско чистење и не се замачкани сите недостатоци.

4. CENATA NE E FIKSNA – Цената не е фиксна. Очекувано е да платите 200-400 евра помалку. Може да се најде и под фразата „IMA PROSTOR ZA MALA KOREKCIJA NA CENA NA LICE MESTO”.

5. CENATA E FIKSNA – Цената не е фиксна. Очекувано е да платите 100-200 евра помалку. Може да се најде и под фразата „NE SE JAVUVAJ ZA PONISKO OD OVA”.

6. IMA MALI KAROSERISKI ZABELESKI – Има ГОЛЕМИ каросериски забелешки. Најчесто изрешетана од град, нагмечена при паркирање или изгребана со клуч.

7. MOZI ZAMENA – Продавачот е решен да се откачи од автомобилот по секоја цена, затоа што секој друг автомобил е подобар избор од овој.

8. PALI VOZI – Продавачот непотребно објаснува која е примарната функција на секој автомобил, сакајќи да ве убеди дека нема никакви скриени проблеми. Исто како да пишал „може да ве однесе од една до друга локација“.

9. PROVERKA KADE SAKATE – Продавачот сака да ве убеди дека нема никакви проблеми со автомобилот. Најчесто блефира, ако помине – помине.

10. SPECIJALNA CENA ZA KES – Продавачот преферира плаќање во готовина и не прифаќа криптовалути.

11. GUMI MNOGU DOBRI – Гумите уште имаат видливи шари и не се мазни како кора од лубеница - возени се само 2-3 сезони. Поминати се со црна боја или леплива течност за да изгледаат уште поново.

12. MAKSIMALNO SOCUVANA I ODRZUVANA – Огласена од прекупец кој ја купил пред 4 часа, нема појма дали е чувана и одржувана.

13. KOLATA E BEZ DENAR VLOZUVANJE – Продавачот сака да каже дека колата е во возна состојба, како и што треба да биде. Ако е истечена регистрацијата, голема е веројатноста дека не поминала технички преглед.

14. UNIKAT – Не е уникат.

 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе