Водителот Драган Вучиќ почина од компликации од COVID-19

Почина водителот Драган Вучиќ, откако изминативе денови бил во тешка здравствена состојба.

Според новинската агенција Макфакс, Вучиќ бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако му бил дијагностициран коронавирусот. Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка и починал синоќа од компликации од COVID-19 .

Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на Балканот со познати пејачи, актери, артисти, потсетуваат од Макфакс.

Порталот SDK.MK ја објави веста за смртта на Вучиќ, наведувајќи извори блиски на семејството. Во објавата потсетуваат дека тој е автор на популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“,  а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005.

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежија потврди веста за смртта на Вучиќ.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и ТВ-водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските.“

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе