Водно добива нова планинска велопатека

За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредувањето на нова планинска велосипедска патека на Водно.

Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па сѐ до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и што е важно ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.

Патеката ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува природното опкружување, а при нејзината изградба нема да се оштетат или сечат околните дрвја.

Проектот за уредување на оваа планинска велопатека се реализира во соработка и е кофинансиран од страна на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), преку програмата за развој и промоција на туризмот во шест држави од Западен Балкан. RCC е регионален проект за развој на туризмот кој е финансиски подржан од Европската комисија.

Фото: Град Скопје

реклама

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Што се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Read more

Вакцината на Pfizer покажува ветувачки резултати

Read more

Култура

Бројот на посетите на Замокот Версај во драстично опаѓање поради недостиг на странски туристи

Read more

Јована Матевска Атанасова е добитничка на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Read more

Тактилни слики со Брајово писмо изложени во Археолошкиот музеј

Read more

Стартува Flipbook Film Festival

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Читај повеќе

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

Читај повеќе

Од сабота четврта фаза на прскање против комарци

Читај повеќе

Израел и Емиратите постигнаа историски мировен договор

Читај повеќе

Најголем дел од новозаболените во Словенија се увезени случаи на COVID-19 од Хрватска

Читај повеќе

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита клиенти на Еуростандард банка можат да ги подигнат средствата од други банки

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски го прекрши Уставот, да каже врз oснова на кои аргументи му го додели мандатот на Заев

Читај повеќе

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Читај повеќе