Воена симулација на Пентагон: Пораз на НАТО од Русија поради лоши патишта и бирократија

Вашингтон, 25 јуни 2018 (МИА) - Во случај на воен конфликт со Русија во Европа НАТО ќе претрпи пораз поради лоша патна мрежа и бирократија. До овој заклучок дошле во Пентагон како резултат на симулација на потенцијална војна, објави весникот Washington Post.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, резултатите од истражувањето укажуваат дека американските тенкови и оклопни возила би заринкале поради тесни патишта и слаби мостови кои не можат да ја издржат нивната тежина. Тешко би одело и преминувањето на границите на европските земји.
 
„Во текот на најмалку едни воени вежби на Белата куќа, кога имало симулација на војна со Русија таа покажала дека логистичките тешкотии се причина за пораз на НАТО“, објави весникот.
 
Се вели дека спроведување ефективна одбрана од Русија не е можно бидејќи симулацијата покажала застој.
 
„Бирократијата заедно со лошо планирање и слаба инфраструктура дава можност на Русија да окупира територија на НАТО во балтичкиот регион, додека воените планери на САД се зафатени со пополнување на 17 формулари неопходни за преминување на границата помеѓу Германија и Полска“, истакнува Washington Post.
 
Според информации од Пентагон, американската војска веќе се судрила со слични проблеми за време на воени маневри во Европа. На пример, армијата лани потрошила четири месеци за да ги врати оклопните возила „Страјкер“ од Грузија во Германија, додека „војската во Германија чекала транспорт и оружје“.
 
„Треба да имаме способност да се движиме исто толку брзо или побрзо од Русија за да станеме ефективна сила за задржување“, изјави за весникот Бен Хоџес, поранешен командант на силите на САД во Европа.
 
Според него, САД и НАТО треба да успеат „да соберат доволно капацитет за Русија да не направи ужасна грешка во пресметките“.     
 
Поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Даглас Љут, укажа дека западните земји се уште немаат план за заштита на земјите во Источа Европа од можна офанзива.
 
„Ние не сметавме дека е можно префрлење на толку значајни сили, но ситуацијата се измени после 2014 година“, изјави тој.
 
Според истражување кое го спровела корпорацијата Rand, на Русија би ѝ требало најмногу 60 часа да ја заземе Рига.
 
„Балтичките земји се местата каде Русија би можела да го тестира НАТО. Ако тие земји паднат, паѓа цело НАТО“, изјави за весниот Валдас Дамбраускас, одговорен за логистика во Министерството за одбрана на Литванија.
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе