Кошарка
Во изборот на МКФ

Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината

25. декември 2011 - 22:19 | Kајгана/Макфакс

Војдан Стојановски во машка и Елена Раденковиќ во женска конкуренција, се прогласени за најдобри во 2011 година, во изборот на Македонската кошаркарска федерација.

Стојановски, годината ја започна со одличните партии во дресот на Фени индустри, ја освои шампионската титула и пехарот во БИБЛ конкуренцијата, продолжи како дел од репрезентацијата во историскиот резултат на ЕП, а годината ја финишираше со одличните партии во дресот украинскиот тим Черкаски Мавпи.

Војдан во Литванија, во дресот на репрезентацијата, во просек постигнуваше 7,7 поени по натпревар, а имаше уште 3,7 скока и 1,7 украдени топки.

Во вториот дел од сезоната, во украинскиот Черкаски Мавпи, Војдан има уште подобра статистика - со 14,8 поени по натпревар тој е втор стрелец на тимот, а во просек има и 4,5 скока и 2,6 асистенции по натпревар.

Елена Раденковиќ е најдобра во женска конкуренција. Таа во минатата сезона го предводеше тимот на Вигор до освојувањето на шампионската титула.

Сосема очекувано, селекторот на кошаркарите Марин Докузовски е најдобар тренер во машка конкуренција, а признанието за тренер на годината во женска конкуренција го доби Перо Стамески.

Новиот миленик на македонската публика, Лестер Бо Мекејлеб, ја доби наградата за најдобар македонски кошаркар во странство.

Коментирај