КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2021

Војдан Стојановски: Премногу ги респектираме противниците

По вториот пораз во квалификациите нашиот капитенот даде оценка на она што го одигравме на двата натпревара.

„Една игра со Естонија, сосема друга, подобра, против Русија. За жал, крајниот ефект, поразителен“, почнува Војдан. Македонија во четвртокот разочара пред домашната публика губејќи од Естонија, додека синоќа во една израмнета игра сепак загуби од далеку посилната Русија.

„Ова е играта која треба да ја негуваме во иднина, без разлика што сега загубивме. Треба да бидеме борбени во сите 40 минути и треба да веруваме во сопствените сили, не треба да гледаме на противниците со респект. Се боревме, навистина игравме добро, мислам дека ни недостасуваше малку енергија па и малку среќа во финишот“, вели Стојановски.

„Во Перм видовме дека можеме многу подобро. Видовме дека имаме потенцијал. Штета, навистина голема штета што не го искористивме домашниот терен, имавме и полна сала. Ги имавме сите услови за победнички старт. Затоа можам да кажам дека искрено, сега поразот од Естонија боли уште повеќе“, сумира нашиот најдобар поединец на двата натпревара.

Македонија на стартот запиша два пораза, но има уште четири натпревари до крајот и воедно надеж која, нормално, последна умира.

„Факт е дека до ноември има долг период пред нас. Она што јас искрено си посакувам е да нè служи здравје сите. За наредните средби да бидеме комплетни. Тогаш ќе знаеме што нè чека. Знам дека ќе одиграме многу подобро, дека ќе стигнеме до победа и со самото тоа да се вратиме во трката за настап на Европското првенство следната година“, порачува Војдан.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе