Селена Гомес неодамна стана најследената жена на Instagram со 387 милиони следбеници, а во изминатите 24 часа доби уште 2 милиона. Меѓутоа, се чини дека тоа е резултат на војната на фановите и лавината која почна од друга социјална мрежа - TikTok.

Пеачката и глумица се најде во средина на драмата откако наизглед беше исмејувана од Кајли Џенер и Хејли Бибер (сопруга на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер).
Имено, Гомес објави снимка за нејзините веѓи, а набрзо следуваа објави на Кајли и Хејли во кои ја исмејуваа. Тоа не им се допадна на корисниците на друштвените мрежи, особено не на оние на TikTok.
Всушност, токму на денот на спорната објава на Кајли Џенер, Селена од неа го презеде првото место по број на следбеници, а целата ситуација создаде „војна на фанови“.
@fuzzyhatsfuzzyhats Selena Gomez Hailey Bieber Mean girls
♬ original sound - Fuzzyhatsfuzzyhats
Исто така, излегоа и стари видео-снимки на кои Хејли ја прозива Селена, а на кои и самата пејачка своевремено одговори.
Среде целата драма, Селена најави дека ќе направи пауза во користењето на Instagram, додека Кајли мораше да се брани дека споменатата објава не се однесувала на пејачката. Тоа многу не ѝ помогна.