Војната почна, едната страна располага со драстично повеќе војници

Најмалку 23 загинати е тажниот епилог на новата војна што изби во светот, меѓу Азербејџан и Ерменија, околу спорната област Нагорно-Карабах.

Територијалниот спор меѓу двете земји - еден од најстарите во светот - повторно изби во фокус на светската јавност, а вчера бевме сведоци на најтешките судири во изминативе неколку години.

Независни извори објавија дека најмалку 23 луѓе биле убиени вчера во судирот меѓу двете поранешни советски републики околу спорниот регион Нагорно-Карабах.

URL

Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно-Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан, пак, претходно објави дека ерменските сили отвориле оган долж линијата на раздвојување и дека имало цивилни жртви.

URL

Министерството за одбрана на Ерменија преку соопштение тврди дека Азербејџан изгубил 4 хеликоптери, 15 дронови и 10 тенкови и борбени возила во конфликтите во Нагорно-Карбах, пренесува РИА Новости. Министерството за одбрана на Ерменија објави и снимки од уништување на тенкови.

URL

И двете земји прогласија воена состојба и го повикаа машкото население на мобилизација. Сите овие години Турција отворено го поддржува Азербејџан, а зад Ерменија стои Русија која се нуди како медијатор во преговорите.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера го повика ерменскиот народ да ја земе својата иднина во свои раце и да се сврти против „власта која ги влече во катастрофа и оние кои ги користат како марионети“.

Remote video URL

Регионот е меѓународно признаен како дел од Азербејџан, но под контрола на етнички Ерменци. Кога Нагорно-Карабах се отцепи во почетокот на 90-тите, во борбите загинаа десетици илјади луѓе.

Сите параметри на воена способност и опременост покажуваат дека Азербејџан е поподготвен за воен судир со Ерменија.

Според податоците од сајтот globalfirepower.com Ерменија има 1.696.085 подготвени војници, а Азербејџан располага со 5.042.346 достапни луѓе за војување.

реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе