Војната продолжува, реагира агентот на Гарет Бејл: Зидан е за срамота

Агентот на Гарет Бејл, Џонатан Барнет, ја критикуваше изјавата на Зинедин Зидан за неговиот клиент и рече дека францускиот стручњак не покажал почит кон она што Велшанецот го направил во дресот на Реал Мадрид.

Зидан викендов рече дека Бејл сигурно ќе го напушти „Кралскиот клуб“ во наредните неколку дена и дека тоа ќе биде најдобро за двете страни.

Сепак, Французинот не кажа многу пофални зборови за Бејл, што го погоди неговиот агент кој веднаш реагираше и рече дека ваквото однесување на тренерот на Реал Мадрид е за срамота.

„Зидан е за срамота што така зборува за некој кој направил толку многу за Реал Мадрид. Ако и кога ќе си замине Гарет, тоа ќе се случи бидејќи е во негов најдобар интерес, а не бидејќи Зидан се залага за тоа“, истакна Барнет.

Бејл во дресот на Реал Мадрид освои четири титули во ЛШ, трофејот на Ла Лига, Купот на кралот, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Велшанецот стигна во Реал пред шест години, а можно е кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед или во Тотенхем.

Шпекулациите и натегањата во јавноста околу заминувањето на Бејл од Реал ги подгреваат и двете страни, имајќи предвид дек Бејл имаше изјавено дека ако треба ќе седи на клупа или ќе игра на голф до крајот на договорот, но нема да замине од клубот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе