Војската на Србија собори дрон

Единиците на Војската на Србија во попладневните часови по навремено откривање и следење, неутрализирале комерцијален дрон кој се движел од правец на Копаоник кон Рашка, соопшти Министерството за одбрана.

Беспилотното летало е соборено со помош на електронски мерки за блокирање, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка, се додава во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Копаоник се наоѓа административната граница меѓу Косово и Србија.

„Во согласност со наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вооружените сили на Србија преземаат засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти. Вооружените сили на Србија ќе продолжат, согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант, да ги соборуваат сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти“, соопштија од Министерството за одбрана.

Претходно министерот за одбрана Вучевиќ за РТС потврди дека Вучиќ ја подигнал борбената готовност на српските вооружени сили поради беспилотните летала и „имајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“ да нема административни доцнења во командниот синџир.

Вучевиќ изјави дека Вучиќ „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под контрола“ и дека борбените авиони МИГ-29, што ги активира Србија, не се во воздух поради беспилотните летала, туку дека „патролираат на небото“.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Регион

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

Read more

Грција го исполни ветувањето: Бесплатен одмор за сите туристи што лани го преживеаја пoжарот на Родос

Read more
 

Вести

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Читај повеќе

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Читај повеќе