Авто новости

Volkswagen ги откри новитетите за 2019 година

13. март 2019 - 21:06 | А.С.

На редовната годишна прес-конференција групацијата VW ги најави плановите за иднина, но и некои нови модели што ќе бидат претставени годинава.

Еден дел од вчерашната прес-конференција што траеше 2,5 часа, беше посветен на новите модели на оваа автомобилска групација, која покрај матичниот бренд Volkswagen ја сочинуваат и Audi, Škoda, Seat, Porsche, Bentley, Lamborghini и Bugatti.

Меѓу другото, потврден е новиот компактен кросовер на Audi кој сепак ќе се вика Q3 Sportback, а не Q4, како што долго време се шпекулираше во медиумите.

Меѓу најавените новитети за 2019 година е неименуваниот кросовер на Volkswagen од сегментот „B“ со 5 седишта.

Volkswagen годинава ќе лансира и две електрични верзии на моделите Bora и Lavida, но само за кинескиот пазар.

На прес-конференцијата беше потврден и Porsche Cayenne Coupe, чии прототипи претходно беа фотографирани на тестирања на јавни сообраќајници.

На графиконот презентиран вчера не беше прикажан новиот VW Golf, но, стигна официјална потврда дека осмата генерација на европскиот бестселер ќе дебитира до крајот на годината.

Меѓу новитетите за 2019 е и новиот Bentley Flying Spur.

Коментирај