Компанијата Volkswagen објави тизер со кој го најавува пристигнувањето на освежениот SUV Tiguan Allspace со 7 седишта.
Освежениот Tiguan беше претставен минатата година, а редизајнираниот Tiguan Allspace не се разликува многу од овој модел. На тизерот се гледаат задните светла и изгледот на задниот дел на автомобилот.
Новиот модел ќе има редизајнирана централна конзола и инфо-забавен систем со 8 и 10-инчен екран чувствителен на допир.
Светската премиера на освежениот Tiguan Allspace е зaкажана за 12 мај, а овој модел ќе се произведува во Мексико.