Tiguan е многу важен модел за компанијата Volkswagen и е најпродаван на светскиот пазар, а сега германскиот гигант планира да го освежи.
Засега има многу малку детали за редизајнираниот Tiguan. Volkswagen го објави тизерот за новиот SUV кој го прикажува неговиот нов изглед на предната маска.
Актуелната решетка на ладилникот и предните LED светла се со иста должина, но обновените модели ќе имаат помали и поагресивни светлечки елементи и подлабока решетка за ладилникот. На предниот дел е и редизајнираното VW лого.
Новиот Tiguan ќе има и нов infotainment систем наречен MIB3 за кој не се знае многу, но познато е дека ќе поддржува over-the-air надоградба и Wi-Fi поврзаност. Се очекуваат и промени во внатрешноста на автомобилот.
Од Volkswagen најавија дека новиот Tiguan ќе има спортски изглед и погон на сите четири тркала.
Volkswagen ќе го претстави освежениот Tiguan ова лето.