Volkswagen го претстави електричниот ID.5
На друштвото на електрични автомобили се приклучи кросоверот ID.5 кој на купувачите во Европа ќе им биде достапен од наредната година.
Volkswagen ја дели платформата, должината со моделот ID.4, а изгледот на каросеријата е различен според кровот.
ID.5 во комбинација со верзиите Pro и Pro Performance го движи електричен мотор кој развива 174 КС, па од 0 до 100 км/час забрзува за 10,4 секунди. Со додатокот Performance моторот нуди 204 КС и од 0 до 100 км/ч забрзува за 8,4 секунди.
На врвот на понудата е ID.5 GTX кој со едно полнење на батеријата може да помине 480 километри. Го движат два електрични мотори кои произведуваат 299 КС. Од 0 до 100 км/час пристигнува за 6,3 секунди и развива 180 км/ч.
Цените ќе бидат познати пред почетокот на продажбата која се очекува наредната година.