На Саемот за комерцијални возила во Хановер, Volkswagen го претстави концептот за електрично комбе наречен I.D. Buzz Cargo. Овој модел неодоливо потсетува на патничкиот I.D. Buzz, со таа разлика што е дизајниран за комерцијални потреби.
I.D. Buzz Cargo може да понесе до 800 килограми товар и да помине 550 километри со едно полнење на батеријата од 111 kWh. Тој се полни со електричен приклучок (230 V, 16 A) за алати кои се користат за работа.
Една од најкорисните карактеристики на новиот I.D. Buzz Cargo е опцијата за брзо полнење, со која батеријата може да се наполни до 80% за само половина час. Иако во моментов е само концепт, Buzz Cargo е модел изработен за сериско производство. Од Volkswagen велат дека овој модел би требало да пристигне на европскиот пазар до 2021 година – една година порано од I.D. Buzz.
Volkswagen во последните неколку години експериментира со различни работи на нивните концепт-возила. Од камери кои ги заменуваат ретровизорите, до Level 4 автономно возење.
Еден од најзанимливите новитети е соларниот покрив за безжично полнење, кој наоѓа начин да го ограничи полнењето преку полнач и да ѝ даде подолг век на траење на батеријата.