Директорот на одделот на патнички автомобили Ралф Брандштатер го претстави концептот ID.X.
Тој го претстави концептот за моќниот електричен хетчбек. Автомобилот го движат 2 електрични мотори, а овој модел е полесен за 200 кг од стандардниот ID.3.
Концептот презеде некои детали од моделот ID.4 GTX, a неговите мотори испорачуваат 329 коњски сили.
Дополнителниот електричен мотор му овозможува на концептот ID.X од 0 до 100 км/час да забрзува за 5,3 секунди што значи дека за 2 секунди е побрз од стандардниот модел ID.3.
Volkswagen ID.X засега останува само концепт, но некои карактеристики ќе бидат искористени и за следните модели.
Се очекува дека ќе пристигне ID.3 со два мотора и погон на сите 4 тркала.