Volkswagen го претстави малиот кросовер Taigo
Volkswagen го претстави новиот модел наречен Taigo.
Taigo малиот кросовер во Европа се очекуваше веќе некое време бидејќи Volkswagen најви дека на европскиот пазар ќе го пласира бразилскиот Nivus со поинакво име, како и дека ќе го произведува во Шпанија.
Во понуда ќе биде трицилиндричниот 1,0-литарски и моќниот четирицилиндричен 1,5-литарски мотор. Помалиот развива 95 и 110 КС, а поголемиот испорачува 150 КС.
VW ќе го продава малиот кросовер Тaigo со 5 седишта во ЕУ, Турција и Африка.