Volkswagen го претстави новиот Golf GTI Clubsport со 300 КС
Новиот GTI Clubsport го придвижува дволитарски 4-цилиндричен бензин мотор кој развива 300 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент.
Моделот е достапен со 7-степен автоматски менувач со две квачила. Во понудата не е достапна верзија со рачен менувач.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за помалку од 6 секунди и развива 250 км/ч.
Најновиот модел на VW е одговор на спортските модели на Honda(Civic Type R) и Renault (Mégane RS Trophy).
Погледнете ја галеријата.