Volkswagen го претстави освежениот Arteon
Две години по премиерното претставување на моделот Arteon, од Volkswagen одлучија да го освежат овој модел.
Освен што е освежена каросеријата, направени се измени и во внатрешноста на автомобилот со уште поквалитетни материјали.
Купувачите во Европа ќе можат да го купат Arteon со нова и практична караванска каросерија(Shooting Brake), а понудата за погонски опции ќе биде проширена со хибридна plug-in верзија со која возачот може да смета на 218 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент.