Volkswagen и BMW со раст на профитот во првиот квартал, Airbus потфрли

Германските производители на автомобили Volkswagen и BMW постигнаа охрабрувачки резултати во првиот квартал, додека бизнисот на европската авиокомпанија Airbus беше силно притиснат од тешкотиите во синџирот на снабдување.

Групацијата Volkswagen соопшти пораст на профитот од 22 отсто, најмногу благодарение на растот на продажбата во Западна Европа и Северна Америка. Приходите од продажба изнесуваат 76 милијарди евра, наспроти 62 милијарди евра во истиот квартал минатата година. Оперативната добивка е зголемена за 35 отсто, на околу 7,1 милијарди евра, а кварталната оперативна добивка по оданочување е 4,7 милијарди евра, наспроти 6,7 милијарди евра на почетокот на 2022 година.

BMW соопшти објави повисока профитна маржа во својот автомобилски бизнис, која се искачи на 12,1 отсто во првиот квартал од 8,9 отсто во истиот период минатата година, но ја задржа својата перспектива непроменета бидејќи се соочува со постојано високи трошоци и растечка конкуренција.

Падот на добивката на групацијата пред оданочување на 5,1 милијарди евра, во споредба со 12,2 милијарди во истиот квартал минатата година, производителот го припиша на влијанието на минатогодишното целосно консолидирање на неговото кинеско заедничко вложување, BMW Brilliance Automotive.

Продажбата во Европа падна за 1,9 отсто, а во Кина за 6,6 отсто, што компанијата го објаснува со инфлацијата и последиците од пандемијата, но трендот на пораст е видлив во март и април, соопшти BMW, кој очекува благ раст во Европа, силен продажбата во САД и стабилизацијата на кинеската економија.

Паѓа профитот на Airbus

Mercedes-Benz, кој минатата недела објави квартална заработка која ги надмина проценките, рече дека очекува да ја достигне највисоката прогноза за автомобилска маржа од 12-14 отсто, но не ја зголеми.

Недостигот на компоненти и другите проблеми со синџирот на снабдување поттикнаа пад на профитот во првиот квартал на европскиот производител на авиони Airbus. Но, главниот извршен директор Гијом Фори во средата рече дека ќе го задржи целното ниво на испораки оваа година од 720 комерцијални авиони.

Airbus соопшти дека нејзиниот нето приход паднал на 466 милиони евра во првиот квартал, во споредба со 1,22 милијарди евра во истиот период минатата година. Консолидираните приходи благо се намалија на 11,76 милијарди евра, во споредба со 12 милијарди евра во првиот квартал од 2022 година.

Во кварталот беа испорачани вкупно 127 комерцијални авиони, наспроти 142 во првиот квартал од минатата година. Компанијата соопшти дека нејзините насоки за 2023 година остануваат непроменети, а целта на компанијата е да постигне шест милијарди евра прилагоден EBIT.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе