Volkswagen ID.4 е Светски aвтомобил на годината

„World Car of the Year 2021“ е Volkswagen: Новиот и целосно електричен ID.4 преовлада над силната меѓународна конкуренција на интернационалните „World Car Awards“- наградите за автомобили.

Светската награда „World Car of the Year“ ја доделуваат повеќе од 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји, кои гласаат за најдобрите иновации на светскиот пазар.

„Особено сме задоволни што нашиот ID.4 е прогласен за Светски автомобил на годината“, вели Ралф Брандштетер, извршен директор на патнички автомобили на Volkswagen. „Не само затоа што е една од најважните награди за автомобили во светот - туку затоа што жирито ја истакна одличната идеја на одличниот тим на Volkswagen. Модел за клучните пазари на Европа, Кина и САД ја носи нашата електрична офанзива низ целиот свет. Убедлив автомобил, одлична идеја - и награда за Светски автомобил на годината? Тоа нам ни звучи одлично!“, додаде Ралф Брандштетер.

Возилата што ги исполнуваат условите за наградата Светски автомобил на годината мора да бидат произведени во најмалку 10.000 единици годишно и да бидат понудени на најмалку два континента.

„Наградата Светски Автомобил на Годината претставува голем успех за целиот ID тим“, вели Томас Улбрих, член на бордот за развој на брендот Volkswagen. „Успеавме да развиеме автомобил што ја започнува системската промена во електро-мобилноста во најважниот светски сегмент на компактни теренци и нуди одлична секојдневна употребливост. Со него, ID.3 и со претстојните ID модели, правиме иновативна електрична мобилност на пазарот, со волумен кој е достапен за сите“.

Жирито ја пофали грижата за еколошката средина без испуштање на директни емисии, како и иновативните карактеристики на ID.4. На пример, иновативниот дисплеј за аугментирана реалност, достапен опционално. Може да проектира важни информации на ветробранското стакло, како што се насоките од системот за навигација. Возачот ги гледа овие информации во 3D, со јасен приказ за насоките во просторот пред него на оддалеченост од три до десет метри пред возилото.

Ова значи дека дисплејот е совршено интегриран во реалниот надворешен свет. Кога адаптивниот темпомат (ACC) или системот за помош при патување (Travel Assist) се активни, возилото пред ID.4 е светлосно обележано на главниот дисплеј со одредена брзина за да може да се задржи потребното растојание.

ID.4 исто така поставува стандарди во дигитализацијата. Автомобилот може да добива редовни ажурирања и нови функции преку интернет. Volkswagen е првиот производител во сегментот кој го нуди ова. Возилото секогаш да биде ажурирано.

Со стекнувањето на оваа награда, на 17-тото доделување на наградата „World Car of the Year“, ID.4 ја продолжува успешната приказна на Volkswagen на овој натпревар. Не само што е добро прифатен од светските новинари, туку и од клиентите. Volkswagen планира да испорача околу 150 000 ID.4 во светот оваа година. Електричната офанзива претставува основен елемент на стратегијата „ACCELERATE“ на Volkswagen. Компанијата планира да претставува барем еден нов и целосно електричен модел на пазарот секоја година.

Поради пандемијата COVID-19, оваа година церемонијата на доделување на наградите за „World Car of the Year“ се одржа дигитално. 

Remote video URL

Во Македонија, ID.4 официјално ќе започне со продажба во мај.

Volkswagen добитници на наградата „World Car of the Year“:

2009: Golf (World Car of the Year)
2010: Polo (World Car of the Year)
2011: up! (World Car of the Year)
2013: Golf (World Car of the Year)
2021: ID.4 (World Car of the Year)

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе