Volkswagen ќе го претстави Golf R 333 Limited Edition на 31 мај

На 31 мај, Volkswagen ќе претстави уште едно специјално издание на својот популарен хечбек, моќниот Golf R 333 Limited Edition.

Концептот Golf R400 се појави во 2014 година, се шпекулираше дека R420 ќе добие сериска верзија, а потоа аферата Dieselgate стави крај на плановите за врвниот Golf R. Во 2022 година, од Волфсбург пристигна помоќна верзија на моќниот хечбек во форма на моделот „20 Years Edition“ што ќе одбележи две децении на автомобили со ознака R. Оние кои го сакаа овој автомобил и не можеа да дојдат до него, сега имаат шанса за нешто ново.

VW R на YouTube објави тизер од моделот Golf R 333 Limited Edition во жолта боја, пред неговата презентација закажана за 31 мај. Бројката „333“ веројатно се однесува на моќноста на PS (Pferdstarke), што значи 245 kW за најмоќниот Golf досега. Што се однесува до вртежниот момент, се очекуваат 420 Nm.

Тизерот од 27 секунди покажува црна ознака „333“ на долниот дел од вратата, црни странични ретровизори и Akrapovič quad издувен систем. Забележливи се и комплет Estoril бандажи од 19 инчи и сини клешти на сопирачките. Исто како и моделот од 2022 година, и овој ќе се нуди само како хечбек, иако стандардниот Golf R има и своја попрактична верзија.

Под хаубата се очекува 2,0-литарски бензински мотор кој овозможува забрзување на моќниот Golf R од 0 до 100 км/час за 4,6 секунди и максимална електронски ограничена брзина од 270 км/час.

Volkswagen соопшти дека ажурираниот Golf ќе се појави на пазарот во 2024 година, така што претстојната специјална верзија всушност ќе се базира на постоечкиот модел. Сепак, нема да биде евтино со оглед на фактот дека Golf R 20 Years чини нешто помалку од 60.000 евра во Германија.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе