Volkswagen ќе прави евтини е-автомобили од 20.000 евра

Германскиот производител на автомобили Volkswagen најави дека ќе прави евтини електрични возила по почетна цена од околу 20.000 евра.

Светската премиера на новиот автомобил е планирана за 2027 година, објави Reuters.

Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, нагласи дека компанијата треба да ги комбинира „јасната посветеност на Европа како индустриска локација, европската индустриска политика и на крајот да дејствува во интерес на европските клиенти“.

Шефот за маркетинг на германскиот производител, Томас Шефер, изјави дека и покрај ниската цена, планираниот модел од почетно ниво ќе постави стандарди во однос на технологијата, дизајнот и квалитетот.

Агенцијата наведува дека VW се одлучил на ваков потег со цел поуспешно да се натпреварува на пазарот, пред сè со силните кинески ривали, од кои некои имаат предност за 30 отсто помали трошоци во однос на западните конкуренти.

Компанијата со седиште во Волфсбург минатата недела соопшти дека европската индустрија има меѓу две и три години да се подготви за конкурентни закани и предупреди дека опстанокот на автомобилскиот сектор веќе е загрозен.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Авто новости

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Read more

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Read more

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Read more
 

Автомобили

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Читај повеќе

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Читај повеќе

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Читај повеќе

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen има светлечко лого со волк

Читај повеќе
  • filter

Роботското такси на Маск пристигнува во април - без волан и педали

Читај повеќе
  • filter

Екран до екран: Поглед во новиот Mercedes GLB

Читај повеќе

Xiaomi не може да ја задоволи побарувачката за е-автомобили

Читај повеќе
  • filter

Renault Megane се враќа на бензин

Читај повеќе