Volkswagen ќе престане да го произведува моделот Passat во САД.
Од Volkswagen пристигна соопштение во кое се потврдува дека во 2023 година ќе престанат со производство на моделот Passat во фабриката Чатануга во САД.
Најавија проширување на фабриката за да се подготват за производство на електричниот модел ID.4. Овој електричен кросовер ќе започне да се произведува од 2022 година.
Како што е наведено во соопштението, во 2023 година престануваат со производство на американскиот Passat кој нема да добие наследник на пазарот бидејќи во САД се популарни кросоверите.