Авто новости

Volkswagen ќе го претстави Golf GTD на Саемот за автомобили во Женева

15. февруари 2020 - 13:16 | М.С.

Компанијата Volkswagen официјално потврди дека GTD верзијата на осмата генерација на моделот Golf официјално ќе биде претставена на Саемот за автомобили во Женева.

Volkswagen го објави тизерот на кој се гледа предниот дел од моќниот дизелски хетчбек кој е многу сличен на стандардната верзија на Golf, но сепак ќе има малку поразлична долга решетка за ладилникот, како и plug-in хибриден GTE.

Од Volkswagen тврдат дека новиот GTD ќе биде најмоќната верзија на Golf благодарение на најчистиот турбо дизел мотор кој некогаш е вграден во Golf.

Овој 2,0-литарски дизел мотор со блага хибридна технологија ќе има подобри перформанси, намалена емисија на гасови и помала потрошувачка.

Со моделот GTD, во Женева ќе се појави и GTI, а нешто подоцна пристигнуваат и GTI TCR и најмоќниот R.

GTI ќе има 245 коњски сили како и GTE, додека TCR верзијата ќе развива 300 коњски сили.

Коментирај