Volkswagen нема веќе да ѝ дише на Tesla во врат, го враќа Golf

Во моментов Volkswagen го одложува исклучително скапиот проект Trinity.

Тешки денови за новиот шеф на Volkswagen. Оливер Блуме седна на „жешкото столче“, заменувајќи го Херберт Дис кој во исто време му се восхитуваше на Илон Маск и се огледуваше на Tesla. Дис сакаше да ја достигне Tesla, па, меѓу другото, беше лансиран и исклучително ветувачкиот проект Trinity.

Новиот модел со продолжен опсег и опремен со автономно возење на ниво 4 требаше да се произведува во нова фабрика во близина на Волфсбург чија вредност се проценува на дури две милијарди евра. Почетокот на изградбата на фабриката е планиран за пролет следната година, а производството првично требаше да започне во 2026 година. Сега тоа е само сон бидејќи официјално се најавува одложување од најмалку три години.

Поверојатно е дека тоа ќе се случи во 2030 година, а едно од оправдувањата на Блуме е признавањето дека новиот софтвер за автономно управување нема да биде готов навреме, пишува Manager Magazin. Автомобил со долг домет и опремен со систем за автономно возење останува во игра, дознава Reuters, но се прават обиди да се најдат опции во рамките на постоечките ресурси.

Доцнењата го комплицираат обидот на VW да ја достигне американската компанија Tesla и откриваат предизвици за најголемиот европски производител на автомобили, од преуредување на фабриките до поправање на софтверски грешки што ги фрустрираа возачите на неговите електрични автомобили.

Со изградбата на новата фабрика, Volkswagen сакаше да ја подобри продуктивноста и да ја достигне Tesla. Имено, на Tesla ѝ се потребни 10 часа за да го произведе Model Y во својата фабрика во близина на Берлин, додека на Volkswagen му треба трипати повеќе време за производство на ID.3.

Според неименувани извори во Volkswagen, Оливер Блуме мора да се откаже од многу цели што ги постави Дис, а кои не се остварливи.

Враќање на Golf

Се зборуваше дека осмата генерација на Golf нема да добие наследник, но последните информации покажуваат дека Volkswagen нема така лесно да се откаже од сè уште популарното име.

Како што дознава германски Handelsblatt, по напуштањето на (пре)скапиот проект Trinity, многу поверојатно звучи идејата за електрични верзии на постоечките модели на платформата MEB. Најголеми шанси имаат електричните верзии на Golf и Tiguan, кои би се произведувале на линиите каде што сега се склопуваат верзии придвижувани од конвенционални мотори.

Новиот електричен Golf би можел да пристигне на патиштата во 2026 година, кој побезболно би ги пречекал понапредните модели на платформата SSP, кои нема да се појават до крајот на деценијата.

За потсетување, Volkswagen го лансираше e-Golf во 2014 година и го задржа во понудата до 2020 година, кога ID.3 излезе во продажба. Продажбата на Golf во првите девет месеци од годинава изнесува 132.989 примероци, што е значително помалку од 177.963 примероци од истиот период лани. Истото важи и за Tiguan, чија продажба падна од 140.052 на 102.272 примероци.

Кога станува збор за новата генерација, таа исто така би можела да се задржи, барем кога е името во прашање. Томас Шефер, извршен директор на Volkswagen,на Саемот за автомобили во Лос Анџелес изјави дека нема шанси да се напушти легендарно име како што е Golf. Затоа дефинитивно останува во понудата, ќе биде електричен, а некои веќе го нарекуваат ID.Golf.

Тагови
реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Авто новости

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Read more

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Read more

Како безбедно да престигнете камион долг повеќе од 50 метри?

Read more

Peugeot го освежи 408: Што е ново?

Read more
 

Автомобили

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Читај повеќе

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Читај повеќе

Како безбедно да престигнете камион долг повеќе од 50 метри?

Читај повеќе

Peugeot го освежи 408: Што е ново?

Читај повеќе

Директорот на Stellantis за една година заработил колку просечен работник за 82 години

Читај повеќе

Volkswagen испорача два милиони електрични возила

Читај повеќе

Го разгледавме бруталниот нов хиперавтомобил на Xiaomi со 1.900 КС кој постигнува 350 km/h

Читај повеќе
  • filter

Porsche продаде повеќе автомобили за 11 дена отколку Maserati во текот на целата година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кога ќе возиме автомобили со волани како од видеоигрите?

Читај повеќе