Автомобилската компанија Volkswagen објави тизер фотографија за новиот Passat што следната недела ќе има деби на Саемот за ватомобили во Детроит.
Фотографијата не открива многу – се гледа само убава фелна со пет краци на која е намонтирана ContiPro Continental гума.
Судејќи по прототипот, на тизерот е модел R со 19-инчни фелни што се ексклузивни за најдобрите пакети. Во пониските пакети за опрема Passat доаѓа со 17 и 18-инчни фелни.
Не би требало да се очекуваат некои големи новитети кај „мистериозниот“ Passat. Автомобилот сепак ќе биде на истата платформа, а не на MQB како што се шпекулираше, а ја користат и моделите Jetta, Golf и Arteon.
Задржан е 2,0-литарскиот четирицилиндарски мотор со турбополнач што испорачува 174 коњски сили, а вртежниот момент е зголемен на 280 Nm.
Повеќе детали за новиот Passat ќе дознаеме на Саемот во Детроит.