Volkswagen Passat стигна до 30 милиони произведени примероци

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen има многу причини за славење годинава, а следна во низата е прославата за моделот Passat, кој заклучно со вчерашниот ден е произведен во 30 милиони примероци и е убедливо најпродаваниот автомобил од сегментот D досега.

Првиот Passat се појави на пазарот пред 46 години, а оттогаш до денес Volkswagen произведе повеќе од 30 милиони примероци од овој автомобил.

Ова возило од средна категорија во моментов се произведува во десет фабрики на три континенти и се испорачува во повеќе од 100 земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Европските купувачи ќе можат да го купат последното, темелно редизајнирано издание на бестселерот на Volkswagen веќе од почетокот на мај. Passat е вториот најпродаван модел на германската компанија, бидејќи на првото место неприкосновено стои Golf, кој во изминатите 45 години се продаде во преку 35 милиони примероци.

Производството на Passat започна на 14 мај 1973 година во Волфсбург. Тогаш компанијата го креираше Passat како замена за моделот 1600, кој имаше мотор со воздушно ладење и погон на задните тркала. Честа да биде 30-милионитиот Passat му припадна на plug-in хибридниот модел GTE Variant, кој располага со 218 коњски сили.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе