Volkswagen почна да прима порачки за новиот ID.3

Европа во последните неколку години „лудува“ по електричните автомобили, а Volkswagen се гледа себеси како еден од главните играчи на овој пазар во иднина. Германскиот гигант веќе почна да прима порачки моделот ID.3, кој е првиот електричен автомобил со голема автономија на оваа компанија.

Познат под името VW ID.3, автомобилот ќе се продава во три различни верзии, кои ќе имаат различна цена, во однос на нивните спецификации.

Најевтината верзија ќе чини нешто помалку од 30.000 евра и ќе може да помине 330 километри со едно полнење на неговата батерија од 45kWh. Моделот ID.3 ќе биде достапен и во верзии со 58kWh и 77kWh, со кои ќе има автономија од 420, односно 550 километри. Сите три верзии ќе се полнат преку DC брз полнач од 125kWh.

Претпродажбата на овој автомобил во Европа веќе започна, а за порачка ќе ви биде потребен депозит од 1.000 евра. Производството на ID.3 ќе започне кон крајот на оваа календарска година, додека испорачките можат да се очекуваат веќе од средината на 2020 година.

Од компанијата не соопштија цени на моделите со помоќни спецификации, но најавија дека овие информации ќе ги добиеме до крајот на годината. Сепак, беше напоменато дека ќе биде произведена ограничена серија „First edition“, која ќе чини „нешто помалку од 40.000 евра“.

Моделот ID.3 1st ќе пристигне на пазарот во три различни „вкуса“ – секој од нив наменет за различен тип корисници. Основниот модел ќе има гласовна контрола и навигација, а ID.3 1st Plus ќе пристигне со поквалитетно светло во ентериерот и двобојна внатрешност. Најмоќната верзија, ID 1st Max ќе биде „полн со иновации“, тврдат од VW.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе