Авто новости

Volkswagen развива робот кој ќе полни електрични автомобили

13. јануари 2020 - 17:39 | Б.С.Б.

Компанијата Volkswagen во еден од новите проекти развива робот кој ќе полни електрични автомобили. Станува збор за робот за мобилно полнење кој пронаоѓа електрични автомобили и ги полни.

Во иднина роботот би можел да „комуницира“ со автомобилот, да го отвори приклучокот за полнење и да се приклучи без човечка интеракција.

Опремен е со камери, ласерски скенери и ултрасоничен сензор што му овозможува слободно да се движи и да ги избегнува препреките.

Од Volkswagen сметаат дека роботот би бил корисен во поголемите гаражи.

Во моментов роботот е во фаза на прототип, а засега не е познато кога ќе се појави на пазарот.

Коментирај