Volkswagen со ново лого во ерата на електрични автомобили

Волфсбург, 3 мај 2018 (МИА) – Тркалезното лого на компанијата Volkswagen е еден од најпрепознатливите знаци, не само во автомобилската индустрија, туку и како еден од симболите на 20-от век.

Но, германската компанија во блиска иднина планира да го прилагоди своето лого за новата ера на електрични автомобили.

Агенцијата Bloomberg наведува дека директорот за маркетинг на Volkswagen, Јохен Сенгпил, соопштил дека новото лого ќе дебитира уште следната година.

Според него, со оваа измена ќе се постигне „поразнобојна“ претстава за Volkswagen и ќе се добие поинаква привлечност, која брендот наводно ја изгубил со тоа што станал „премногу германски“.

Освен тоа сегашното лого се поврзаува и со скандалот околу лажирањето на тестовите за издувните гасови на дизел возилата, но Сенгпил потенцира дека тоа не е единствената причина за промената.

Според стручњаците за дизајн класичното лого на Volkswagen е премногу препознатливо за радикално да се менува, па очекуваат дека промените ќе бидат поблаги со цел да се добие „футуристички“ изглед.

Сличен ваков чекор претходно направи компанијата Toyota која за електричните автомобили на логото му додаде синкаст ефект.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе