Авто новости

Volkswagen Touareg за 2019 година

15. мај 2018 - 14:30 | М.Д.

Volkswagen оваа пролет ја претстави новата генерација на SUV моделот Touareg, со повеќе простор во кабината и хибридна верзија во прв план.

Третата генерација на големиот SUV на Volkswagen имаше деби во Кина кон крајот на март 2018 година.

Првиот Touareg се појави уште во 2002 година, а од тогаш се продадени повеќе од милион возила, па и од новиот се очекува да биде меѓу лидерите во овој сегмент.

Touareg порасна во димензиите во однос на минатиот, односно тој е подолг, поширок и има повеќе простор во внатрешноста.

Кога станува збор за техничките детали, моментално се движи со помош на два V6 дизели, еден послаб со 212 коњски сили и друг посилен со 286 коњски сили, односно V6 бензинец со 340 коњски сили.

Volkswagen за одредени пазари ќе подготви и V8 дизел со 421 коњски сили, а ќе има и хибридна верзија, за почеток само во Кина, а потоа и во Европа.

После премиерата во Пекинг, германскиот произведувач објави нов сет на фотографии од моделот Touareg за 2019 година, кои можете во прилог да ги погледнете:

Коментирај