Volskwagen купи електрични батерии во вредност колку компанијата Tesla

Неколку часа откако Елон Маск рече дека „експертите“ нема потреба да се грижат за финансиската ситуација на неговата компанија, Volkswagen нарача електрични батерии кои вкупно вредеа колку што вреди и целата компанија Tesla.

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen направи нарачка на електрични батерии во вредност од 48 милијарди долари, сума која е многу блиску до пазарната вредност на Tesla Motors, која изнесува 50 милијарди долари.

Елон Маск смета дека Tesla Motors може да биде многу профитабилна компанија и во иднина нејзината вредност би можела да достигне и до 700 милијарди долари. Но, тоа нема никаква вредност кога компанијата (барем во моментов) не прави профит за да биде самоодржлива.

Сепак, гореспоменатата зделка ги потврдува информациите дека Volkswagen го има многу сериозно сфатено пазарот на електрични автомобили. Според плановите на германската компанија, до 2025 година таа би требало да продава околу 3 милиони електрични автомобили секоја година.

Иако Маск се смета за еден од најголемите пронаоѓачи и најуспешни бизнис луѓе во светот, сепак тој не може рачно да ги контролира бројките кои ја опкружуваат неговата компанија. Големината на Volkswagen изгледа недостижна, бидејќи германскиот гигант произведува ист број на автомобили за четири дена колку што Tesla произведува за една година.

Вредноста на Volkswagen постојано расте, и покрај скандалот со измамата кај дизел автомобилите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе