Волстрит на најниско ниво во речиси две години

Индексот S&P 500 на Волстрит падна шести ден по ред во вторникот, спуштајќи се на најниското ниво во скоро две години, бидејќи инвеститорите стравуваат дека агресивното зголемување на каматните стапки на американската централна банка ќе предизвика рецесија.

Dow Jones се лизна за 0,43 отсто, на 29.134 поени, а S&P 500 падна за 0,21 отсто, на 3.647 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,25 отсто, на 10.829 поени.

Индексот S&P 500 падна шести по ред, најдолга негативна серија од февруари 2020 година, бидејќи инвеститорите стравуваа дека агресивното заострување на монетарната политика од страна на ФЕД ќе ја турне економијата во рецесија.

Минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки трет пат по ред за 0,75 процентни поени, на опсег од 3 до 3,25 отсто, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.

И челниците на ФЕД изјавија дека дополнително ќе ја зголемат цената на парите со цел да се намали инфлацијата од највисоките нивоа во повеќе од 40 години.

Затоа, на пазарот овие денови најмногу се шпекулира за тоа колку повеќе ФЕД би можел да ги зголеми каматните стапки.

Џејмс Булард, претседател на ФЕД во Сент Луис вчера се залагаше за дополнително зголемување на каматните стапки, додека Чарлс Еванс, претседател на ФЕД во Чикаго, рече дека централната банка треба да ги зголеми каматните стапки за најмалку уште еден процентен поен оваа година.

„Разочарување, но не и изненадување“

„Ова е разочарување, но не и изненадување. Инвеститорите се загрижени за каматните стапки и состојбата на економијата“, вели Роберт Павлик, портфолио менаџер во  Dakota Wealth.

Аналитичарите на банката Wells Fargo вчера објавија проценка дека каматните стапки на фондовите на ФЕД во првиот квартал од следната година би можеле да бидат во опсег од 4,75 до 5,00 отсто.

За агресивните планови на ФЕД за ограничување на инфлацијата до целта од 2 проценти ќе бидат потребни години, ќе го забават економскиот раст и ќе ја зголемат невработеноста.

Затоа, инвеститорите стравуваат дека најагресивното зголемување на стапката на ФЕД во историјата ќе ја турне економијата во подлабока рецесија.

Технички, американската економија веќе е во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали бележи пад на квартална основа, но засега рецесијата е плитка.

По остриот пад во последните недели, индексот S&P 500 е намален за околу 24 отсто во споредба со почетокот на годината, спуштајќи се на најниското ниво од ноември 2020 година.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,52 отсто, на 6.984 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,72 отсто, на 12.139 поени, а париски CAC 0,27 отсто, на 5.753 поени.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Бизнис

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more
 

Вести

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе