Волстрит паѓа втор ден по ред, Apple меѓу најголемите губитници

Вчера на Волстрит индексот S&P 500 втор ден по ред благо падна бидејќи инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции пред говорот на претседателот на американската централна банка Џером Пауел за економската состојба.

Dow Jones зајакна 0,01 отсто, на 33.852 поени, додека S&P 500 падна за 0,16 отсто, на 3.957 поени, а индексот Nasdaq 0,59 отсто, на 10.983 поени. Инвеститорите се склони кон ризик затоа што денеска претседателот на ФЕД Пауел ќе зборува во Институтот Брукингс за состојбата на економијата, што може да им даде на инвеститорите нови насоки за инфлацијата и каматните стапки.

„Сите се нервозни“

„Никој не сака да купува пред утрешниот говор на Пауел. Сите се нервозни и се прашуваат што ќе каже“, рече Рон Саба, портфолио менаџер во Horizon Investments. Бидејќи инфлациските притисоци во САД благо се намалуваат во последниве месеци, инвеститорите се надеваат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за „само“ 0,50 процентни поени во декември, по серијата зголемувања од 0,75 поени.

Инвеститорите се претпазливи и од извештајот кој покажа дека довербата на потрошувачите во САД дополнително ослабе во ноември поради растот на трошоците за живот, што не е многу позитивна најава за претстојната празнична сезона.

Apple меѓу најголемите губитници

Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за протестите во Кина поради строгите рестриктивни мерки за борба против COVID-19, а бидејќи бројот на заразени продолжува да расте, се очекува дополнително забавување на и онака бавниот раст на втората по големина економија во светот.

Меѓу најголемите губитници вчера, четврти ден по ред, беше акцијата на Apple, што е последица на протестите во кинеската фабрика во која се произведуваат најмногу iPhone-и. Инвеститорите се плашат дека празничната продажба на овие паметни телефони на Apple ќе пропадне поради застој на производството.

Цените на акциите на технолошките гиганти Amazon, Nvidia и Tesla значително паднаа, за повеќе од 1 отсто, што најмногу ги потисна индексите Nasdaq и S&P 500.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,51 отсто, на 7.512 поени, а париски CAC се зголеми за 0,06 отсто, на 6.668 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,19 отсто, на 14.355 поени.

Тагови
реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Бизнис

Дали златото во моментов е најбезбедна инвестиција?

Read more

Маск ги објави резултатите од новиот тест за дрога

Read more

Кинеската конкуренција ја гази германската индустрија

Read more

Шведската „кралица на отпадот“, доби 6 години затвор за загадување

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе